Сите информации на едно место кои можат да бидат интересни за граѓаните доколку одлучат да го решаваат станбеното прашање преку "Купи куќа-купи стан", од денеска можат да се најдат на првиот саем посветен на овој проект, а се одржува во "Скопје Сити мол". Штандови на градежни компании, банки, осигурителни компании, но и на Министерството за финансии, до 28 овој месец ќе бидат присутни на саемот, а нивните вработени ќе одговараат на сите прашања, за условите што ги нуди проектот, за начинот за добивање субвенциониран кредит од банките, како и за понудата на станови кои се вклопуваат во пропишаните услови.
Сите информации на едно место кои можат да бидат интересни за граѓаните доколку одлучат да го решаваат станбеното прашање преку "Купи куќа-купи стан", од денеска можат да се најдат на првиот саем посветен на овој проект, а се одржува во "Скопје Сити мол".
Штандови на градежни компании, банки, осигурителни компании, но и на Министерството за финансии, до 28 овој месец ќе бидат присутни на саемот, а нивните вработени ќе одговараат на сите прашања, за условите што ги нуди проектот, за начинот за добивање субвенциониран кредит од банките, како и за понудата на станови кои се вклопуваат во пропишаните услови.
Главно помлади семејства, но и постари граѓани, ги поставија пред учесниците сите дилеми, а по добиените одговори дел изјавија дека се задоволни од она што го слушнале и веќе прават математики за тоа како да обезбедат или за прв пат сопствен дом, или, пак, да дојдат до поголема станбена комоција. "Сакам да купам стан до 50 квадрати, па да видиме. Понудите се интересни, не очекував дека ќе бидат толку. Дома правевме некаква математика и таа 90 проценти е остварлива. Има станови до 50 квадрати, зависи каде бараш, но нема во центар", изјави граѓанин. "Најбитна е локацијата и условите. Проектот е одличен, многу ќе ни помогне да си обезбедиме покомфорен дом. Нам како на семејство со деца ни е битно да најдеме локации со инфраструктура", вели една скопјанка.
На саемот се нудат станови во Скопје, Охрид, Битола и Струмица, со цена до 900 евра. Цветко Грозданов, директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, изјави дека кај граѓаните постои интерес за проектот. Тој вели дека тие нудат станови во Скопје, на две локации и тоа Реонски центар, како и на "Трета македонска бригада" каде квадратот е 795 евра, потоа во Охрид со цена од 700 евра и во Битола и во Струмица по 530 евра. "Досега имаме продадено 500 станови, од кои 20 до 30 проценти се преку овој проект, а со последното подобрување на условите очекуваме да порасне бројот", изјави Грозданов.
Ванчо Чифлиганец, прв човек на "Адора инженеринг", рече дека ова е еден од најповолните проекти, кој го раздвижил прометот на недвижности, а придонел и за намалување на цената на становите. Досега "Адора инженеринг" продала 40 станови преку овој проект.
Дел од граѓаните се интересираа и за купување или изградба на куќа. Сопственикот на "Хот и Хот", Роберт Хот, вели дека интересот е се' поголем, особено по подобрување на условите за куќите. "Најмногу се бараат куќи до стотина квадрати. Тие се најсоодветни за граѓаните, бидејќи и цената е пристапна", рече Хот. Зависно од локацијата, куќите во просек чинат по околу 35.000 евра. Оваа компанија нуди куќи во Сопиште и Ѓорче Петров.
На саемот има и компании за инвентар и бела техника, кои нудат попусти додека трае саемот. Попуст може да обезбедат и од осигурителните компании, за осигурување на домот кој ќе го купат преку овој проект.
Проектот е промовиран во јануари 2012, а продолжува и в година.